• петок, 22 ноември 2024

Делумно затворање на кварт во Вухан поради Ковид-19

Делумно затворање на кварт во Вухан поради Ковид-19
Пекинг, 27 јули 2022 (МИА) - Во квартот Џиангсја во кинескиот град Вухан, во кој живеат околу еден милион луѓе привремено се затвораат дел од компаниите и јавниот транспорт откако синоќа беа регистрирани два нови случаи на Ковид-19. Властите во округот Џиангсја, дом на повеќе од 900.000 луѓе, соопштија дека од денеска се воведени тридневни ограничувања во главни урбани области, вклучително и забрана за големи јавни настани, посета на ресторани, затворени се јавните места за забава, пазарите малите клиники. Исто така суспендирани се и автобуските и метро линиите. Властите ги повикаа жителите да не ја напуштаат областа во следните три дена, а исто така апелираа и другите жители на Вухан да го избегнуваат реонот Џиангсја. Во Вухан, град во централна Кина, живеат над 11 милиони луѓе. ми/

Остани поврзан