Делси Родригез поканета да ги посети САД
- Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека добила покана да ги посети САД, но нагласи дека патувањето ќе се реализира само доколку се создадат услови за конкретна соработка.
Каракас, 12 февруари 2026 (МИА) - Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека добила покана да ги посети САД, но нагласи дека патувањето ќе се реализира само доколку се создадат услови за конкретна соработка.
Во интервју за американската телевизиска мрежа Ен-би-си, Родригез потврди дека ѝ е упатена покана од Вашингтон.
„Поканета сум во САД“, рече таа додавајќи дека нејзиното заминување ќе зависи од тоа дали ќе биде воспоставена рамка за соработка меѓу двете страни. рп/ми/
Фото: МИА архива