• среда, 26 јуни 2024

Делови од централниот јужниот дел на Порторико цела недела се без струја

Делови од централниот јужниот дел на Порторико цела недела се без струја

Коамо, 10 јуни 2024 (МИА) – Градови во централниот и јужниот дел на Порторико се погодени од продолжен прекин на електричната енергија што ги принуди властите на оваа територија на САД денеска да активираат тим за итни случаи и да побараат дистрибуција на храна за оние на кои им е потребна.

Прекинот на струјата се случи пред повеќе од една недела, оставајќи десетици илјади луѓе без електрична енергија.

Претставници на Лума енерџи, која управува со дистрибуција на електрична енергија во Порторико, рекоа дека поправките би можеле да траат повеќе од еден месец. Оваа најава предизвика големо незадоволство, особено што прекинот го наруши и водоснабдувањето, во екот на секојдневните предупредувања за преголеми жештини.

Повеќе од 40 отсто од 3,2 милиони жители на Порторико живеат под прагот на сиромаштија и не можат да си дозволат генератори или да ги заменат релативно скапите електрични апарати оштетени од прекини на струја.

Некои локални политичари бараат гувернерот Педро Пјерлуиси да прогласи вонредна состојба. јт/

Остани поврзан