• четврток, 04 декември 2025

Делови од Аеродром и Гази Баба без вода

Делови од Аеродром и Гази Баба без вода

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Без вода денеска од 10:00 часот ќе останат жителите од  улиците „Фрањо Клуз“, „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“ и „Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата „Фрањо Клуз“ без број, кај маркетот Рамстор. 

Поради уличен дефект ф-80 милиметри на улица „Тодор Ецов“ број 4, без вода од 9:50 часот се дел од корисниците од улиците „Тодор Ецов“, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“, „Константин Петковиќ“ и „Радован Ковачевиќ“ во општина Гази Баба.

Жителите на двете локации ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.мд/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан