• недела, 22 декември 2024

Делегација пожарникари од Врполје, Република Хрватска во возвратна посета во Берово

Делегација пожарникари  од Врполје, Република Хрватска во возвратна посета во Берово

Берово, 9 ноември 2024 (МИА) - Делегација пожарникари од Врполје, Република Хрватска, се во возвратна посета во Берово. Во рамки на посетата, имаа работна средба во просториите на  Општина Берово по што беа пречекани и примени од беровските пожарникари.

-За време на средбата разменија искуство, разговараа за можна соработка и споделија фотографии од почетокот на соработката на Врпоље и Берово, во далечната 1978 година, информираа од Општина Берово.

Претходно претставници на Општина Берово учествуваа на прославата на нивниот 100-годишен јубилеј.

-На таа прослава на Општина Берово и беше доделено признание, за посебен придонес во унапредувањето на работата на доброволното противпожарно друштво, додадоа од Општината.

Соработка во двете општини,  во делот на противпожарна заштита, како што најави градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ќе продолжи и во иднина, кој изрази надеж дека двете противпожарни единици, ќе имаат можност и за реализација на заеднички проект. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан