• петок, 22 ноември 2024

Делегација од Општина Берово во посета на средни угостителски училишта во Словенија и Хрватска

Делегација од Општина Берово во посета на средни угостителски училишта во Словенија и Хрватска

Берово, 1 октомври 2024 (МИА) - Делегација од Општина Берово заедно со ученици од угостителско туристичката струка од гимназијата ,,Ацо Русковски" од Берово се во неколкудневна  посета на средни угостителски училишта во Раденци - Република Словенија и во Забок - Република Хрватска.

Посетата е организирана на иницијатива на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски со поддршка од збратимена Општина Раденци, а на покана на средната школа за угостителство и туризам во Раденци.

-Заедно со делегацијата првите денови  престојувавме во ученичкиот дом, хостел кој е дел од средното учичилиште. Во текот на посетата, учениците имаа прилика да се запознаат со образовниот процес во Република Словенија и  работата на средното училиште. Во просториите на училиштето, нашите ученици заедно со нивните врсници, од Раденци,  имаа работилница за послужување и готвење, по предходно подготвено мени, информираше Пекевски.

Посетата делегацијата од Берово денеска ја продолжува во Забок, Република Хрватска. 

-Денес престојуваме во Регионален центар за компетенција, каде што сме срдечно пречекани од страна на директорката Драженка Јурец и градоначалникот на Општина Забок, Иван Ханжек,  како и професорите и учениците.Преку кратка презентација се запознаваме за образовниот систем во Хрватска, разменуваме добри практики и искуства и разговараме за креирање и реализација на европски проекти, додаде беровскиот градоначалник.

Образовниот систем и нашите ученици како што додаде Пекевски остануваат на прво место на агендата на Општината, поради што најави дека општината, секојдневно ќе работи на унапредување на условите за учење преку размена на идеи и искуства. вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан