• среда, 28 јануари 2026

Делегација од Израел во посета на Општина Куманово

Делегација од Израел во посета на Општина Куманово

Куманово, 27 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари работна средба со делегација од Израел, информираа од Општина Куманово. На средбата, како што објаснуваат, се разговарало за можности за воспоставување партнерство помеѓу Еилат, Хаифа и Куманово за потенцијални заеднички проекти во областа на прехранбената индустрија и агробизнисот, вклучување локални компании во понатамошни економски иницијативи, размена на искуства и можности за инвестиции преку институционална и бизнис-соработка на локално ниво.

На средбата присуствувале Michael Goldstein, Isabella Goldstein и Eyal Ashkenazi, почесниот конзул на Израел, Градимир Шумковски, како и Тони Менкиноски, Трајан Балканов и Љубомир Гајдов. На денешната работна средба учествуваа и претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, помошник-раководителка на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, Донка Петровска, претседателот на ЛЕСС, Најден Бајдевски, и претставникот на локалната бизнис-заедница, Благоја Бајдевски.

Надлежните очекуваат заеднички проекти во агробизнисот и прехранбената индустрија, вклучување на локалните компании, нови можности за инвестиции и економска соработка. ам/вј/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан