• недела, 22 декември 2024

Делегација од Генералната дирекција на водостопанство на Турција на средба во МЖСПП

Делегација од Генералната дирекција на водостопанство на Турција на средба во МЖСПП

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Делегација на Генералната дирекција на водостопанство на Република Турција, денеска ќе одржи координативна средба со Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на теренските посети и анализи за решавање на проблемот со вода за пиење на одредени населени места во источна Македонија, како и подобрување на водната инфраструктура во истите места, известуваат од Амбасадата на Република Турција во Скопје.

-Делегација на Генерална дирекција на водостопанство на Република Туркије во согланост со потпишан Меморандум за разбирање во областа на водата помеѓу Република Туркије и Република Северна Македонија во 2022 година и во рамки на активности на Заедничкиот комитет за вода основан согласно споменатиот Меморандум, во периодот 17-24 септември 2023 ќе реализира теренски посети во 22 населени места во источна Македонија, односно во општините Василево, Валандово, Штип, Чашка, Дојран, Радовиш и Струмица, со цел вршење на теренски анализи за решавање на проблемот со вода за пиење на одредени населени места во источна Македонија, како и подобрување на водната инфраструктура во истите места, стои во соопштението на Амбасадата.

Оттаму информираат дека координативната средба ќе биде од 09:00 до 10:00 часот, а потоа делегацијата ќе се упати кон Општина Василево, како првата точка во рамки на  теренските активности.

Делегацијата утре ќе биде во Општина Радовиш, во среда во општините Дојран и Струмица, во четврток во Општина Валандово и петок во Општина Штип каде што ќе има и официјални состаноци со претставниците на општините. сх/лв/

Фото: Амбасада на Република Турција во Скопје

Остани поврзан