• недела, 22 декември 2024

Делегација на МВР на Министерска конференција на Западен Балкан во Тирана

Делегација на МВР на Министерска конференција на Западен Балкан во Тирана

Дебар, 15 мај 2024 (МИА) - На министерска конференција на Западен Балкан на тема „Соработка за безбедност и миграциски текови долж Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес, што вчера се одржа во Тирана, учествуваше и делегација на македонското министертво за внатрешни работи, предводена од помошник министер при Одделот за ЕУ и меѓународна соработка, Муамет Реџепи.

-На конференцијата се дискутираа сеопфатни пристапи за ефикасно управување со миграцијата во Западен Балкан кои ќе бидат ориентирани кон решенија, како и предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан во борбата против нерегуларната миграција, криумчарење мигранти и трговија со луѓе, информираа од Mинистерството.

Додаваат дека за време на министерската сесија на конференцијата била усвоена и заедничка декларација која го истакна значењето на интегрираното гранично управување, соработката и споделување податоци и размената на знаење.

-Со оваа декларација земјите се обврзуваат на создавање на заедничка регионална работна група, составена од шефови/раководители на граничната полиција, за да се разгледаат можностите за поблиска регионална соработка. Во рамки на конференцијата се одржа и техничка сесија за механизми за зајакната гранична контрола „Прекугранични безбедносни закани вклучително и (меѓу другото) криминални мрежи, трговија со луѓе, криумчарење мигранти, дрога и трговија со оружје и тероризам“, додаваат од Mинистертвото.

На оваа сесија со свои обраќања учествувале Сашо Смилески, помошник директор при Одделот за гранични работи и миграции и Фаредин Зенуни, помошник началник на Оддел за сузбивање на сериозен и организиран криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР. Во составот на делегацијата бил и Вулнет Адеми, генерален советник во Кабинетот на заменик министерот Назим Буши.

На маргините на конференцијата, Реџепи остварил билатерална средба со Мајкл Томлинсон, министер за борба против нелегалната миграција во Обединетото Кралство, каде била истакната одличната соработка помеѓу двете земји, како и цврстата волја истата да биде продлабочена и во други области.

Исто така, Реџепи остварил билатерална средба и со претставници на ФРОНТЕКС и ИОМ за унапредување на регионалната соработка во рамки на илегалната миграција и заштитата на границите.

На конфернцијата албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала порачал дека е многу битно да се има поширока регионална соработка во борбата против организираниот криминал и посилна поддршка од ЕУ. вт/сст/

 

Фото: МВР

Остани поврзан