• среда, 17 јули 2024

Делегација на КФМ се врати од Европското првенство во Финска

Делегација на КФМ се врати од Европското првенство во Финска
Скопје, 24 август 2021 (МИА) - Делегацијата на Карате федерацијата на Македонија, се врати во земјава, по извонредните резултати постигнати на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21). Каратистите беа пречекана од претставници на ИО на КФМ, тренери и спортисти од повеќе наши клубови, како и членови на нивните семејства. - Големите успеси на 48 европско првенство во Тампере е уште една потврда дека КФМ  не случајно со години е пример за успех и организација која во континуитет постигнува врвни резултати во сите возрасни категории и дека имаме иднина и вистински наследници на поранешните и актуелните шампиони, кои го прославија каратето и македонскиот спорт воопшто, стои во соопштението од КФМ. На ова првенство македонските каратисти постигнаа резултати кои се меѓу најдобрите во историјата на младинските првенства, со четири медали во конкуренција на 45 земји со 1000 млади каратисти. Стефан Стојановиќ освои јуниорско злато, Столе Смилковски сребро во У21, Андреј Басаров сребро за кадети а Матеј Белистојаноски бронза за јуниори. зс/

Остани поврзан