• четврток, 30 јануари 2025

Делегација на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција во посета на Парламентот

Делегација на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција во посета на Парламентот

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска имал средба со делегација на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција, предводена од Фуат Октај, претседател на Комисијата и поранешен потпретседател на Република Турција. 

Собраниската прес-служба соопшти дека на средбата било изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција во сите области, а особено на парламетарно ниво.

-Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази уверување дека парламентарната димензија на билатерални односи има клучна улога во зајакнувањето на меѓусебната соработка. Тој се осврна на потребата за остварување редовни средби меѓу комисиите и пратенички групи за пријателство и соработка од двата парламента. Во врска со мултилатералната соработка, Гаши оцени дека блиската соработка и координација во рамките на парламентарните собранија на Советот на Европа, на ОБСЕ, на НАТО и на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, е мошне значајна за постигнувањето на заедничките интереси на двете земји, се наведува во соопштението.

Претседателот на Комисијата во турскиот парламент,  Фуат Октај, нагласил дека целта на посетата е развивање конкретна соработка меѓу комисиите и продлабочување на соработката на мултулатерален план.

-Тој се заложи за натамошно продлабочување на билатералните односи на сите полиња, а особено во економската сфера, информира прес-службата на Собранието.

На средбата присуствувале пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Фатмир Битиќи и Мерита Колчи Коџаџику, членови на Групата, и генералната секретарка Марина Димовска.

-Пратеникот Бејџан Илјас се осврна на значењето на групите за пријателство и соработка од двата парламента и информираше за планираните идни активности, односно посетата на делегација на Групата за пријателство Турција - Северна Македонија. Тој нагласи дека турската заедница во земјава придонесува за унапредување на меѓусебните односи, како во приватниот, така и во јавниот живот, се наведува во соопштението. хс/дма/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија 

 

 

 

Остани поврзан