Делегација на Армијата предводена од генерал-мајор Сашко Лафчиски во официјална посета на Вооружените сили на Турција
- Како што информираат од Генералштабот, за време на престојот Лафчиски ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана, Јашар Ѓулер. Согласно програмата, на средбите ќе се разговара за тековната билатерална воена соработка, како и можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка во областите од заемен интерес помеѓу двете пријателски држави.
Скопје, 20 јули 2025 (МИА) - Делегација на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски од денеска престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција.
Како што информираат од Генералштабот, за време на престојот Лафчиски ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана, Јашар Ѓулер. Согласно програмата, на средбите ќе се разговара за тековната билатерална воена соработка, како и можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка во областите од заемен интерес помеѓу двете пријателски држави.
Покрај официјалните средби, во рамки на престојот е предвидено армиската делегација да посети еден од капацитетите на ВС на Република Турција. мч/лв/
фото: МИА