• понеделник, 16 декември 2024

Делегацијата на СЕ: Изборите на 30. јуни ја ослабија демократијата во Албанија

Делегацијата на СЕ: Изборите на 30. јуни ја ослабија демократијата во Албанија
Тирана, 6 февруари 2020 (МИА) - Изборите на 30. јуни во Албанија не беа промотори или придонесувачи за зајакнување на демократијата во земјата, се наведува во заклучокот на делегацијата на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа. - За жал, изборите во 2019 година не беа промотори на зајакнување на локалната демократија во Албанија, но доведе до помалку плуралистичка ситуација во општините во земјата, предизвикувајќи понатамошен пад на довербата на граѓаните во институциите на земјата. Опозицијата и Владата не смеат да останат рамнодушни на таквата состојба и треба да дејствуваат одговорно, според нивната улога во еден демократски процес, со цел да се обезбедат плуралистички избори за гласачите, како на локално,така и централно ниво, изјави претседател на Регионалниот дом на конгресот, Гун-Марит Хелгесен. Делегацијата престојуваше во дводневна посета на Албанија во врска со локалните избори на 30 јуни и се очекува по оваа посета да објави сеопфатен извештај за ова прашање. Осврнувајќи се на ситуацијата што уследи по јунските локални избори, кои ги бојкотраше главната опозиција, претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Аднерс Кнапе, потврди дека Албанија треба да ги следи чекорите на реформите. - Нема функционирање на демократијата на државно ниво без плурализам на локално ниво. Конгресот ќе продолжи да ја поддржува Албанија во нејзините напори за консолидирање на територијалната самоуправа. Зајакнувањето на дискусијата помеѓу централната и локалната власт и борбата против корупцијата се од особено значење за Конгресот во овој поглед, рече Кнапе. - Конгресот ќе се врати во Албанија во пролет со делегација за понатамошно оценување на административно-територијалната реформа спроведена од 2015 година. Извештајот ќе биде претставен во октомври на пленарна сесија во Стразбур и ќе даде светлина врз спроведувањето на законитоста од Албанија, што е голем чекор во демократскиот развој на земјата, истакна претседателот на локалните власти Џавиер Кадорет. Според Ора њуз, делегацијата престојувала во Тирана по барање на претседателот Илир Мета, со цел да соберат факти за состојба без преседан, откако на локалните избори од вкупно 61 општина во земјава победија кандидатите на владејачката Социјалистичка партија (ПС), додека пак во 31 општина во трката за градоначалник бил само по еден кандидат тоа од ПС. Делегација, освен средбата со Мета имаше срдби и со претставници на опозицијата и на власта, со Централната изборна комисија, министерот за внатрешни работи, невладини организации и народниот правобранител. вт/ми/

Остани поврзан