• четврток, 26 септември 2024

Дела создадени во рамките на проектите ,,Арт рок хепенинг" и  ,,Боемска улица" на изложба во Дом на култура Кавадарци 

Дела создадени во рамките на проектите ,,Арт рок хепенинг

Кавадарци, 15 август 2023 (МИА) - Дела создадени во рамките на проектите ,,Арт рок хепенинг" и  ,,Боемска улица", се дел од изложбата, што синоќа беше отворена во Дом на култура ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци, како дел од ,,Кавадаречко културно лето". 

Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова рече дека делата се плод на два големи проекти, на Дом на култура, ,,Арт рок хепенинг" и на здрженијата ,,Винотек" и ,,Ж'та", ,,Боемска улица". Таа потсети дека ,,Арт рок хепенинг" беше подржан и од Министерство за култура. 

- Сведоци сме на тоа дека уметноста е коренот на нашата душа, на традицијата и љубовта на луѓето. Уметниците пак инспирирани и водени од нивниот креативен ум, се трудеа да создадат и остават нивен белег во нашиот град, дозволувајќи ни нас преку нивните дела да ја пронајдеме светлината, мирот и тишината, да се спознаеме себеси со сите овие работи кои ги носиме во себе, додаде Туриманџова. 

Пред присутните се обрати и претседателот на ,,Винотек", Јован Еленов. Тој се заблагодари на поддршката од градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци. свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан