Дежурни екипи со поддршка на месното население распоредени околу Будинарци
- Најкритично со пожарите вечерва е во околината на селото Будинарци каде гори борова шума. Околу селото распоредени се дежурни екипи кои се обидуваат да го совладаат огнот.

Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Најкритично со пожарите вечерва е во околината на селото Будинарци каде гори борова шума. Околу селото распоредени се дежурни екипи кои се обидуваат да го совладаат огнот.
- Дежурни екипи со подршка на локалното население се распоредени околу село Будинарци, напиша вечерва директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.
Критично денеска беше и во Мачево и Робово. На терен во Малешевијата покрај противпожарните единици, шумските стопанства и месното население, интервенираат и екипи на противпожарните служби од Словенија, Австрија и Бугарија. бак/
