• петок, 03 мај 2024

Девојка пријавила скопски таксист за недолично однесување

Девојка пријавила скопски таксист за недолично однесување

Скопје, 28 јануари 2023 (МИА) – Девојка од Кичево во полициската станица Аеродром пријавила таксист за недолично однесување, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во 04:33 часот вчера, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04:20 часот, додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/бак/

Остани поврзан