Деветнаесет тимови од Премиер лигата не се задоволни од продажбата на Њукасл на инвеститори од Саудиска Арабија
- Клубовите од англиската Премиер лига се жалат на продажбата на Њукасл на инвеститори од Саудиска Арабија.
Лондон, 9 октомври 2021 (МИА) - Клубовите од англиската Премиер лига се жалат на продажбата на Њукасл на инвеститори од Саудиска Арабија.
Премиерлигашите испратија протестно барање за итна интервенција при купувањето на Њукасл од инвеститори од Саудиска Арабија, пишува „Гардијан“. Деветнаесетте клубови од Премиер лигата се здружија против овој аранжман.
Не секој во Англија е среќен што државата Саудиска Арабија се меша во работите на Премиер лигата.
Во самата Саудиска Арабија, тврдат дека инвестициски фонд (ПИФ), кој го купи Њукасл, не е директно поврзан со државата. зс/