Деветмина финалисти за поетскиот натпревар на „Поетски слем Македонија“
- Денеска, на третиот фестивалски ден, како што е наведено, ќе се одржат повеќе настани.
Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Горазд Китановки - Кени, Валерија Дамчевска, Матеј Петров, Стефанија Граовац, Даница Лепојевиќ, Виктор Спасески, Горан Анчевски, Живко Грозданоски и Јован Лешов се деветмината финалисти, кои ќе настапат вечер на главното финале на 15. издание на Националниот „Поетски слем Македонија“, што се одржува во Прилеп од 9 до 12 октомври.
Како што информираат организаторите, финалниот натпревар ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток во 20:30 часот.
- За титулата национален претставник синоќа се натпреваруваа дваесетина учесници и учеснички на различни возрасти и со уникатни стилови на изразување и творење, кои доаѓаат од цела Македонија, вклучително и од градовите Скопје, Прилеп, Битола, Куманово, Охрид и од Велес. Салата на киното „Мис Стон“ беше полна со вљубеници во поезијата и во поетскиот перформанс, а од публиката беше избрана петчлена жири-комисија, којашто гласаше по секој настап на учесниците. Оттаму, публиката се упати во кафе-галеријата „Лувр“ каде што се отвори и интерактивната изложба на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш, се наведува во соопштението.
Денеска, на третиот фестивалски ден, како што е наведено, ќе се одржат повеќе настани.
Литературната манифестација „Поетски слем Македонија“ е во организација на Театарска работилница - Прилеп. бд/бак/
Фото: Соопштение