• среда, 04 декември 2024

Дебранки крешеа василичарска погача, паричката кај Илинка Трајановска

Дебранки крешеа василичарска погача, паричката кај Илинка Трајановска

Дебар, 13 јануари 2023 (МИА) - Дебранки вечерва кршеа василичарска погача, продолжувајќи ја традицијата воспоставена пред повеќе од три децении.

Погачата ја подготви Анѓелина Василевска, каде лани се падна паричката, а вечерва најсреќна беше Илинка Трајановска.

-  Среќна сум што паричката се падна кај мене. Посакувам здравје, среќа, хармонија во моето и  во секое семејство. Ме радува што ја продолжуваме  оваа традиција и посакувам уште долго, долго да трае, рече Трајановска, која од Василевска ја доби првата честитка.

Кршењето погача за Василица пред повеќе од три децении ја востанови Иванка Ивановска, претседателка на тогашната организација на жени.

Утре, поголем број од домаќинките, зашто некои подготвија лепче со паричка за Бадник, ќе подготват  пита или како што дебрани го нарекуваат виткан комат со паричка, која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година.

Карактеристика за дебарскиот регион се и децата суројчари, кои се помалку ги има. Минатата година имаше само едно дете суројчар. 

Тие  ги посетуваат православните домови да посакаат весела и плодна година. Во рака држат, како што се нарекува суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. Домаќините ги даруваат пред се со пари, но и со благо, костени, ореви и овошје. вт/мч/

Остани поврзан