Дебранец со нож и се заканувал на охриѓанка
- -Синоќа во 20:30 часот, полициските службеници од слобода го лишија А.М.(36) од Дебар по претходна пријава дека со нож и упатил закани на жителка на Охрид, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Дебар, 19 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Дебар, кој со нож и се заканувал на жителка на Охрид.
-Синоќа во 20:30 часот, полициските службеници од слобода го лишија А.М.(36) од Дебар по претходна пријава дека со нож и упатил закани на жителка на Охрид, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/нд/
Фото: МИА