• четврток, 26 март 2026

Дебранец на тротинет превезувал кесиња со хашиш

Дебранец на тротинет превезувал кесиња со хашиш

Дебар, 10 јули 2025 (МИА) – Деветнаесетгодишно момче од дебарското село Бањиште е лишено од слобода, откако при контрола кај него биле пронајдени две кесиња со хашиш.

- По претходно преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници на патот кој води од Дебар кон Маврово, на излезот од градот, околу 12 часот сопрен е А.К. (19) од село Бањиште-Дебар, кој управувал електричен тротинет. При извршениот преглед кај него пронајдени се две кесиња со хашиш,  информираа од полицијата.

Додаваат дека лицето е лишено од слобода и по целокупно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Oва е прв случај на откриен хашиш кај дебранец, наспроти повеќето случаи со марихуана, главно на патот кој минува покрај Дебарско Езеро.  

Од полицијата исто така информираат дека вчера 10:38 часот во СВР Охрид од Основен суд Дебар е пријавено дека М.Д. (42) од Неготино, полошко, бил физички нападат од страна на И.Ф. (49) од Кичево. По документирање на случајот, против И.Ф. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.386 ст.1 од Кривичниот законик. вт/

Фото: МИА

 

Остани поврзан