• понеделник, 23 декември 2024

Дебарскот пазар десетта сабота речиси без пазарџии и купувачи

Дебарскот пазар десетта сабота речиси без пазарџии и купувачи
Дебар, 2 мај 2020 (МИА) – Градскиот пазар во Дебар десетта сабота по ред остана речиси без пазарџии и купувачи. Можеа да се видат само двајца пазарџии кои продаваа зеленчук и овошје, а бројот на купувачи беше минимален. Иако официјално пазарот не е затворен, веднаш по прогласувањето на кризната состојба на 13 март, пазарот во саботата за првпат беше целосно празен. Пред појавата на коронавирусот, градскиот пазар беше едно од местата во градот каде фрекфенцијата во саботните денови беше најголема. Освен локални жители, на пазарот доаѓаа и жители од општина Центар Жупа и подрачјето на Река и општина Маврово и Ростуше. Масовно во саботите доаѓаа и жители од албанските погранични села од Пешкопеја и од областа Голо Брдо. вт/бак/

Остани поврзан