• недела, 22 декември 2024

Дебарските жени крешеа василичарска погача, денеска децата суројчари во посета на православните домови

Дебарските жени крешеа василичарска погача, денеска децата суројчари во посета на православните домови

Дебар, 14 јануари 2024 (МИА) - Дебранки синоќа кршеа василичарска погача, продолжувајќи ја традицијата воспоставена пред повеќе од три децении.

Погачата ја подготви Илинка Трајановска, каде лани се падна паричката, а синоќа најсреќна беше Весна Миновска, која од Трајановски доби подароци.

- Посакувам здравје, среќа, хармонија во моето и во секое семејство. Среќна сум што паричката се падна кај мене. Ова е вторпат, зашто паричката ми се падна и пред десеттина години. Ме радува што ја продолжуваме оваа традиција и посакувам уште долго, долго да трае, рече Миновска.

За значењето на Василица и традицијата зборуваше Бранко  Љубиновска, професорка во Дебарската гимназија „28 Ноември".

Денеска, што е стара традиција во овој крај, поголем број од домаќинките, ќе подготват пита или како што дебрани го нарекуваат виткан комат со паричка, која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година.

Карактеристика за дебарскиот регион се и децата суројчари. 

Тие денеска треба да ги посетат православните домови и да посакаат весела и плодна година. Во рака држат, како што се нарекува суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. Домаќините ги даруваат пред се со пари, но и со благо, костени, ореви и овошје. вт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан