• вторник, 14 мај 2024

Двократен европски првак загина во војната во Украина

Двократен европски првак загина во војната во Украина

 

Киев, 6 мај 2024 година (МИА) - Двократниот европски шампион во кревање тегови во категоријата до 85 килограми, Олександр Пиелиешенко загина во војната против Русија на 30-годишна возраст, соопшти денеска украинската Федерација во кревање тегови.

Пиелиешенко загинал во руски воен напад изминатат ноќ.

Европските титули ги освои во 2016 и 2017, а настапуваше под украинското знаме на Олимписките игри 2016 во Рио де Женеиро на кои го освои четвртото место.

Беше суспендиран во 2018 година поради допинг.ег

Остани поврзан