• четврток, 25 јули 2024

Дводневен Меѓународен форум на креативни индустрии

Дводневен Меѓународен форум на креативни индустрии

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) – Меѓународен форум на креативни индустрии, со фокус на одржливото претприемништво, ќе се одржи денеска и утре во киното „Синеплекс“ во „Скопје Сити мол“, од 10 до 15 часот. Организатори на саемот Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ) и здружението „Балкан синема ситис“.

Форумот ќе биде отворен со пораки од министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, амбасадорот на Велика Британија Метју Лосон и други.

- Повеќе од 20 гости од регионот и од Европа ќе дискутираат за одржливоста во креативните индустрии, одржливото претприемништво, женските бизниси, авторските права, иновациите, со цел за да се забрза напредокот во овие индустрии, а со самото тоа да се придонесе кон побрз економски раст и развој, известуваат организаторите.

Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во Битола на 15 декември во Културен и информативен центар – Битола.

Настанот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и Британскиот совет и „Нептун“. ир/вг/


Фото: УМПАКИ

Остани поврзан