• недела, 22 декември 2024

Движењето „Студентски отпор“ најави протест пред Собранието

Движењето „Студентски отпор“ најави протест пред Собранието
Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) - Младинското движење на студентите „Студенстки отпор“ најавува мирен студенстки протест којшто, според објавата на социјалната мрежа Фејсбук, ќе се одржи в понеделник во 16 часот пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“. Во објавата Студенстки отпор пишува дека преку протестот ќе побараат повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја и подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови. -Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард. Затоа, време е за студентски отпор!, наведува Студентски отпор. Претходно партеничката од ЛДП Моника Зајкова исто така во објава на Фејсбук напиша дека се повлекува Законот за студентски оброк кој, како што посочи, предизвика оправдани реакции меѓу студентите по однос на критериумите кои се вметнати него, заради усогласување во овој дел заедно со претставниците на студентите. Таа ги повика претставниците на универзитетските студентски собранија на средба во Собранието в понеделник во 16.30 часот на која најавува дека „заедно со министерот за обарзование Јетон Шаќири ќе се дискутира за заедничко  решение кое ќе биде системски воспоставено и ќе обезбеди здрав оброк на студентите, како што и била првата намена“.лв/

Остани поврзан