• петок, 05 декември 2025

Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла, полицијата на терен

Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла, полицијата на терен

Скопје, 15 ноември 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две жени, странски државјани, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.

- ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот. Акцијата е во тек, се вели во соопштението од ЦУК. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан