Две ракети го погодиле аеродромот во Багдад
- Две ракети го погодиле меѓународниот аеродром во Багдад, соопшти ирачката армија.
Багдад, 31 јули 2020 (МИА) - Две ракети го погодиле меѓународниот аеродром во Багдад, соопшти ирачката армија.
Според новинската агенција Ксинхуа, немало жртви во нападот што се случил доцна синоќа, ниту е причинета голема материјална штета.
Досега никој не ја презеде одговорноста за гранатирањето на аеродромот каде се сместени американските трупи.
Вашингтон овие напади им ги припишува на проиранските борци.
Во Ирак, САД и Иран се борат за превласт. паг/