• петок, 05 декември 2025

Две претстави од театри од Софија вечер во Албански театар - Скопје

Две претстави од театри од Софија вечер во Албански театар - Скопје

Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - Две претстави од театри од Софија вечер ќе бидат одиграни во Албанскиот театар - Скопје, соопштија денеска од „Скупифестивал“.

Според програмата на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“, од 19 часот ќе почне перформнасот „Х“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија - Бојан Крачалов, во интерпретација на Васил Дуев - Туиг.

Еден час подоцна, од 20 часот, ќе се изведе претставата „Медеа“ од Еврипид од Народен театар „Иван Вазов“ - Софија, во режија на Деклан Донелан. Улоги: Радина Карџилова, Велислав Павлов, Валентин Ганев, Асен Данков, Јавор Валканов, Стелиан Радев, Вера Табакова, Радена Валканова, Жорета Николова, Стефанија Колева, Елена Иванова, Надја Керанова, Ана Пападопулу и две деца - актери.

Од „Скупифестивал“ потсетија дека синоќа во 20 часот беше изведена претставата „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, во продукција на народен театар од Ниш. бд/вј/

Фото: „Скупифестивал“

Остани поврзан