Две награди на ДФНФ 2025 за остварувања во продукција на етнокореолошката дејност на Домот на културата од Гевгелија
- Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“ и под покровителство на Општина Гевгелија, се закити со две награди на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија - ДФНФ 2025, што изминатиот викенд се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.
Виница, 21 октомври 2025 (МИА) - Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“ и под покровителство на Општина Гевгелија, се закити со две награди на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија - ДФНФ 2025, што изминатиот викенд се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.
Првата е авторска награда за камера на Васко Трајков, а втората е главната или Гранд при наградата за филмската адаптација насловена „Лазаренки – реликвија на етничкиот предел Бојмија“, доделена од страна на стручно жири од Кино сојузот на Македонија.

Филмското остварување - адаптација „Лазаренки – реликвија на етничкиот предел Бојмија“, истовремено е номинирана следната 2026 година да учествува на Меѓународниот фестивал за аматерски филм УНИКА во Логано – Швајцарија.
Организатори на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија - ДФНФ 2025 беа Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Улогата на подржувачи ја имаа Агенција за филм и Општина Виница, а домаќин беше Дом на култура „Тошо Арсов“.

На фестивалот беа пријавени вкупно 41 аматерски филм во повеќе категории: Документарен филм, Краток игран филм, Експериментален филм, Анимиран – цртан филм и Едноминутен филм. Од нив 12 се наградени со златни, сребрени плакети и главната награда замина кај гевгеличани. ис/вј/
Фото: ДК „Тошо Арсов“