• петок, 17 мај 2024

Две лица повредени во сообраќајка на излезот од Струмица кон Радовиш

Две лица повредени во сообраќајка на излезот од Струмица кон Радовиш
Струмица, 4 јуни 2022 (МИА) - Две лица се повредени во сообраќајка која се случи вечерва во 19:10 часот на кружниот тек на излезот од Струмица кон Радовиш. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила. Повредени се возачот и сопатникот од едното возило, кои се пренеси на лекување на струмичката болница. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.рт/дма/

Остани поврзан