• понеделник, 23 февруари 2026

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Москва, 2 февруари 2026 (МИА) - Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков.

- Избувна пожар, што доведе до делумно уривање на зградата. Спасувачите кои работат на лице место пронајдоа тела на две лица, изјави Гладков во објава на Х.

Како што е соопштено, при нападот се искршени прозорци на повеќе од десет станови, а оштетен е и еден автомобил. Во Белгородската област во сила е вонредна состојба која е прогласена на федерално ниво. јт/

Фото: Х

Остани поврзан