• сабота, 22 февруари 2025

Две лица загинаа во напад на милитанти во Пакистан

Две лица загинаа во напад на милитанти во Пакистан

Курам, 17 февруари 2025 (МИА) - Милитантите во северозападен Пакистан денеска убија од заседа возач и воен службеник при напад на конвој камиони со храна, лекови и други материјали за илјадници жители „заробени од секташко насилство“, соопштија властите.

Ова е трет таков напад од јануари во Курам, област во немирната провинција Хајбер Пахтунхва, каде што најмалку 130 луѓе беа убиени во последните месеци во судирите меѓу ривалските шиитски и сунитски племиња.

Последниот напад се случи додека камионите се движеа кон Парачинар, главниот град на Курам, соопшти полицијата.

Кајзер Абас, лекар во болницата во Парачинар, рече дека возачот на камионот и еден од безбедносните службеници кои го придружувале конвојот биле убиени во нападот.

Тој додаде дека по нападот во болница се примени 15 ранети лица.

Локалните власти соопштија дека полицијата започнала операција за апсење на сторителите на нападот.

Властите велат дека напаѓачите ограбиле и запалиле дел од камионите со хуманитарна помош.

Милитантите, исто така, ги засилија нападите врз армијата во северозападните региони на северен и јужен Вазиристан, кои се граничат со Авганистан. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан