• четврток, 07 ноември 2024

Две лавини во Австрија, шестмина загинати

Две лавини во Австрија, шестмина загинати
Виена, 8 март 2020 (МИА) – Вкупно шест лица загинаа во две одвоени лавини во австриските Алпи, соопштија локалните власти. Според австриските медиуми, утрово околу 9 часот и 30 минути лавината се урнала врз петмина планинари во централна Австрија. Неколку очевидци веднаш повикале брза помош, но планинарите, за кои се верува дека се од Чешка, веќе биле мртви кога спасувачите стигнале до нив. Во југозападниот дел на Австрија полицаец, кој бил на обука на Алпите, исто така загина откако врз него паднала лавина. јт/

Остани поврзан