• четврток, 26 март 2026

Две згради се урнаа во Мароко, 19 лица загинаа

Две згради се урнаа во Мароко, 19 лица загинаа

Фес, 10 декември 2025 (МИА) - Две четворокатни станбени згради се урнаа во мароканскиот град Фес, при што загинаа 19 лица, соопштија денеска локалните власти.

Мароканската државна новинска агенција информира дека во двете згради биле сместени осум семејства.

Шеснаесет лица се повредени во несреќата и се пренесени на лекување во најблиската болница.

Властите наведоа дека населбата е евакуирана и дека потрагата и спасувачките активности продолжуваат.

Причината за уривањето засега не е позната, ниту пак бројот на лицата кои се водат како исчезнати.

Фес е втор најголем град во Мароко и е еден од домаќините на годинашниот Куп на африкански нации, како и на Светското првенство во фудбал во 2030 година. ссм/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан