• четврток, 05 март 2026

Две жртви во пукање на државниот универзитет во Јужна Каролина

Две жртви во пукање на државниот универзитет во Јужна Каролина

Вашингтон, 13 февруари 2026 (МИА) – Две лица се убиени, а едно е рането во пукање во станбен комплекс на државниот универзитет во Јужна Каролина, во САД.

Официјални претставници на универзитетот не го потврдија идентитетот на жртвите, се наведува утрово во соопштението на управата на оваа установа.

Училиштето го затвори кампусот во Оринџбург синоќа околу 21:15 часот, кога пристигнал извештај за пукање. Блокадата траела четири часа.

Истражителите излегле на лице место, а полицијата патролирала низ кампусот и околината.

Универзитетот ја откажа наставата за денеска. јт/

Остани поврзан