• петок, 05 декември 2025

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско

Куманово, 15 ноември 2025 (МИА) - Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во два одделни случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во СВР Куманово, вчера во 16:40 часот, 57-годишна жена од село во општина Липково пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.
Подоцна во текот на вчерашниот ден во 20:20 часот, 26 годишна жена од Куманово пријавила во полицијата дека нејзиниот сопруг и се заканувал со остар предмет.

И за двата случаи полицијата, презема мерки за расчистување на случајот. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан