• понеделник, 29 април 2024

Две девојчиња од струмичко се изгубиле во Скопје, последно се видени пред ТЦ Веро Џамбо

Две девојчиња од струмичко се изгубиле во Скопје, последно се видени пред ТЦ Веро Џамбо

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Две малолетни девојчиња од струмичко кои денеска биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје, пријавени се од нивната професорка како изгубени.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот за МИА, а според пријавата на нивната професорка Е.А., тие последен пат се видени пред ТЦ Веро Џамбо.

МВР презема мерки за пронаоѓање на малолетните девојчиња. сх/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан