• петок, 22 ноември 2024

Две години од автобуската несреќа во Бугарија

Две години од автобуската несреќа во Бугарија

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Изминаа две години од автобуската несреќа која се случи на автопатот „Струма“, а во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца. Се спасија само седум лица.

Автобусот, кој беше еден од неколкуте со кои управуваше „Беса транс“, туристичка агенција со седиште во Скопје, утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил.

Меѓу загинатите биле 12 деца. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка.

Согласно вештачењето, возачот во моментот на ударот возел со 108 километри на час, на место каде максимална дозволена брзина била 90 километри на час. Како што се наведува во анализите на инспекторите, пламените јазици автобусот го зафатиле за неколку минути. бт/ац/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан