• петок, 22 ноември 2024

Две белоруски новинарки осудени на две години затвор поради снимање на протести

Две белоруски новинарки осудени на две години затвор поради снимање на протести
Минск, 18 февруари 2021 (МИА) - Белоруски суд денеска осуди две новинарки од телевизијата Белсат на по две години затвор поради снимање протести против претседателот Александар Лукашенко. Катерина Бахвалоа (27) и Дарја Хулцова (23) беа приведени во ноември минатата година во стан од каде ги снимаа протестите поради убиство на еден демонстрант. Тој загина претходниот ден на антивладините протести. Меѓународните организации за човекови права го осудија нивното апсење. ми/

Остани поврзан