• понеделник, 01 јули 2024

Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево

Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот  кај Василево

Скопје, 30 јуни 2024 (МИА) - Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер.

Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, Струмичко..

Инаку, полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи.

На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица. вг/

Фото: ЦУК

Остани поврзан