• понеделник, 23 декември 2024

Два сребрени медали за македонските шаховски надежи на Балканијадата во Цетиње

Два сребрени медали за македонските шаховски надежи на Балканијадата во Цетиње

Цетиње, 6 октомври 2022 (МИА) – Две сребрени одличја освоија македонските надежи на Балканското првенство за деца и младинци во стандарден шах во црногорскиот град Цетиње.

Македонскиот состав броеше 11 учесници, а најдобар резултат остварија Стојан Велкоски, кој го освои сребрениот медал во категоријата до 18 години и Илијана Велева, која, исто така, го освои второто место во категоријата девојчиња до 10 години.

Шанса за нови медали на Балканското првенство македонските натпреварувачи ќе имаат во следните два дена за кога се закажани турнирите во рапид и блиц темпо. ег/ки/

Остани поврзан