• петок, 22 ноември 2024

Два протести во Белград: „Србија против насилството“ и блокада кај Сава Центар

Два протести во Белград: „Србија против насилството“ и блокада кај Сава Центар

Белград, 26 август 2023 (МИА) - Во Белград денеска се одржаа два протести, едниот во организација на Сојузот на еколошките организации на Србија (СЕОС) со блокада на автопатот и мостот Газела во близина на Сава Центар и вториот седумнаесети протест „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград.

Протест „Србија против насилството“ започна во 19 часот пред зградата на Собранието на Србија, со прошетка и блокада низ централните белградски улици до зградата на РТС и РЕМ.

Граѓаните носеа транспарент на кој пишува „Се по законот!“ и кукли во затворски одела со ликовите на српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот Горан Весиќ, директорот на РТС Драган Бујошевиќ, министрите Синиша Мали и Дарија Кисиќ.

На протестот беа претседателот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац, пратеничката Драгана Ракиќ, лидерот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута, лидерот на движењето Срце Здравко Понош, Добрица Веселиновиќ од Клубот на Зелената левица и копретседателот на партијата Заедно Небојша Зеленовиќ.

Вториот протест денеска во организација на активистите на Сојузот на еколошките организации на Србија (СЕОС) започна во 14 часот со блокада на автопатот и мостот Газела во близина на Сава Центар. Активистите бараа да се разгледа народна иницијатива за укинување на Законот за планирање и градење.

Сообраќајот беше прекинат во двата правци, а учесниците на протестот беа засолнети во сенка под мостот, бидејќи температурата на воздухот беше повисока од 40 степени. Сообраќајната полиција ги пренасочуваше возачите кои беа тргнале по автопатот по други патишта и спречуваа создавање на редици. об/рп/

Остани поврзан