• вторник, 23 јули 2024

Два пораза за пингпонгарот на Младост 96 Кристијан Станојковски

Два пораза за пингпонгарот на Младост 96 Кристијан Станојковски
Скопје, 27 септември 2020 (МИА) - Сениорскиот државен првак и член на Младост 96, Кристијан Станојковски претрпе два пораза, колку што загуби во изминатите седум, осум години. Во четвртото коло то беше совладан убедливо со 3:0 од ветеранот Роберт Михајловски од екипата на Нец, додека во петото коло во неизвесен натпревар загуби од Филип Младеновски од Шампион ФА. И покрај поразите на Станојковски неговата екипа се осамостои на врвот на Суперлигашката табела со пет победи од пет одиграни кола. Резултати од 4 и 5. коло од пингпонгарската Суперлига: 4.коло: Работнички - Младост 0:4 Струга - Радовиш 3:4 Вардар - Крива Паланка 2007 2:4 Нец - Младост 96 1:4 Шампион ФА - Нец 2 4:3. 5. коло: Нец 2 - Работнички 2:4 Младост 96 - Шампион ФА 4:1 Крива Паланка 2007 - Нец 4:1 Радовиш - Вардар 1:4 Младост - Струга 4:1

Остани поврзан