• недела, 22 декември 2024

Два концерти во организација на КИЦ на Република Северна Македонија во Албанија

Два концерти во организација на КИЦ на Република Северна Македонија во Албанија

Скопје, 7 септември 2021 (МИА) - Во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, Република Албанија, во текот на септeмври ќе бидат реализирани две музички претставувања.

- Денеска, во Тирана ќе се претстави македонското женско гудачко трио „Trinity Strings“ предводено од виолинистката Ирена Стојановска, која е професионален музичар во оркестарот при Националната опера и балет. Настапот ќе биде од отворен карактер, а триото ќе изведе репертоар од класична и танго музика. Концертот е хуманитарен, а донациите ќе бидат подарени на Центарот за деца со Даунов синдром во Тирана, информираат од Министерството за култура.

Додека, на 18 септември во Поградец, предвиден е  концерт  на македонскиот џез-квартет „Чупа“ (Chupa). Концертот  е во рамките на 10-то јубилејно издание на реномираниот Тирана џез-фестивал, кој од 10 септември до 10 октомври ќе се реализира во неколку градови во Албанија. Во џез квартетот „Чупа“ членуваат еминентите македонски џез-музичари: Оливер Јосифовски на контрабас, Славчо Коцев на тапани, Кирил Кузмановски на саксофон и флејта и Филип Димишковски на клавијатури.

Директорот на македонскиот КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански информира за засилени активности во следниот период, како и за подготовка на изложба за Мајка Тереза.фф/вј/

Остани поврзан