Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“

Марибор, 2 март 2025 (МИА) – Македонската репрезентација во џуи џицу во машка и женска конкуренција освои четири медали на првиот ден од силниот традиционален меѓународен турнир „Словенија Опен“ што овој викенд се одржува во Марибор.
На првиот ден на 20 издание на турнирот во Марибор, со златен медал се закитија Јован Николиски и Данил Николиски, додека бронза освоија Марија Треневска и Зоран Колевски.
Наум Грпов и Нина Карева во своите конкуренција го освоија четврто место.
Денеска своите настапи ќе го имаат Данил Николиски во сениорска конкуренција и Антонио Стојчески во категоријата до 18 години. ег
ФОТО: Македонска џиу – џица федерација