• недела, 30 јуни 2024

Два американски воени брода пријавија заразени со коронавирус

Два американски воени брода пријавија заразени со коронавирус
Дубаи, 26 февруари 2021 (МИА) - Два брода на американската воена морнарица на Блискиот исток пријавија случаи на заразени со коронавирус, соопштија официјални лица, наведувајќи дека едниот веќе бил закотвен во пристаништето во Бахреин, а другиот бил на пат кон пристаништето. - Десетина војници на амфибискиот транспортен брод „Сан Диего“ се позитивни на коронавирусот, изјави портпаролот на американската Петта флота, Ребека Ребериќ. На другиот брод „Филипинско море“ неколку лица се под надзор поради можна инфекција со вирусот. Капацитетот на „Сан Диего“ е речиси 700 војници, додека на „Филипинско море“ може да има повеќе од 300. паг/

Остани поврзан