• сабота, 21 декември 2024

Двајца турски војници загинаа во нападите во Сирија и Ирак

Двајца турски војници загинаа во нападите во Сирија и Ирак
Истанбул, 12 септември 2021 (МИА) - Двајца турски војници загинаа денеска во напад во прекугранични операции во Сирија и Ирак, соопшти Министерството за одбрана. Како што е наведено, еден војник загина во пожар предизвикан од „сепаратистички терористи“ додека неговата единица ја напушташе базата во северен Ирак, а друг војник загина во сириската провинција Идлиб од здобиените повреди. Вкупно четворица војници беа убиени во текот на викендот. Турција во април започна копнена и воздушна кампања во северен Ирак и воспостави неколку бази во регионот. Турција, како и САД и Европската унија, сметаат дека Курдистанската работничка партија (ПКК) е терористичка организација. Десетици илјади луѓе се убиени од почетокот на вооружената кампања на ПКК против Турција во 1984 година. паг/  

Остани поврзан