• петок, 22 ноември 2024

Двајца прилепчани лишени од слобода поради кражба

Двајца прилепчани лишени од слобода поради кражба

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, вчера лишиле од слобода две лица од Прилеп поради сомнение за кражба.

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, лицата Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп, се лишени од слобода поради тоа што се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети.

Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

 - По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. сан/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан