Двајца полицајци убиени во вооружен напад врз полициска станица во Измир
- Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во вооружен напад врз полициска станица во западниот турски град Измир, јави Анадолија.
Анкара, 8 септември 2025 (МИА) - Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во вооружен напад врз полициска станица во западниот турски град Измир, јави Анадолија.
Шеснаесетгодишно лице отворило оган од пушка врз станица во населбата Балчова. Ранетиот полицаец е пренесен во болница.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерлијака, соопшти на социјалните мрежи дека напаѓачот е уапсен.
Министерот за правда Јилмаз Тунч информираше дека локалното обвинителство покренало истрага. ссм/
фото: архива/илустрација